Во Дебар расте бројот на новозаразени со Ковид-19, на оздравени, но и на почнати лица.
Според официјалните податоци во последното деноноќие регистрирани се четири нови случаи со Ковид-19, едно лице ја добило битката со опасниот вирус, додека едно ја изгубило.
Со последно дијагностицирани, вкупната бројка на заразени сега изнесува 179. Оздравени се 59, починати шестмина, додека активни на болеста се 114 лица, а десеттина од нив се хоспитализирани во Инфективната клиника и болницата „Осми септември“ во Скопје.
Од вкупната бројка дури 128 се од втората фаза на болеста, откако со регистраниот случај во село Долно Косоврасти, на петти јуни, болеста повторно, по педесет дена, се врати во ова подрачје.
Само во последните шест дена регистрани се 25 случаи, најмногу во петокот или 18 новозаразени.
Според општинскиот Оперативен штаб, кој состојбата и понатаму ја оценува како многу сериозна, ширењето на вирусот е последица на високото ниво на непочитување на мерките за заштита од страна на граѓаните како и деловните субјекти кои генерално не ги почитуваат работните протоколи, ниту работното време.
Од таму потврдуваат дека и понатаму голем е бројот на граѓаните кои со симптоми на опасниот вирус се јавуваат во Општата болница во Дебар.
Полциската статистичка пак потврдува дека во изминатото деноноќие за неносење лична заштита на лицето во Дебар на девет лица им се издадени прекршочни платни налози.
МИА/Фото: Општина Дебар
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини
Починаа тројца нови пациенти од корона вирусот, од Скопје, Дебар и Струмица
Нови 123 случаи на Ковид-19 од 1.312 тестирања, најмногу во Скопје, Штип и Гостивар