еМагазин
Image default
Македонија

Талат Џафери хоспитализиран на Инфективната клиника поради здравствени потешкотии

Претседатателот на Собранието, Талат Џафери, денеска е хоспитализиран на Инфективната клиника. Според извори во ДУИ, Џафери е примен во болница поради здравствени потешкотии и на тестирањето за Ковид-19 бил негативен.

Џафери, кој според Уставот, треба да ја свика конститутивната седница на новиот собраниски состав најдоцна до 4 август, неодамна изјави дека тој ќе се тестира пред нејзиното одржување и оти ќе предложи тоа да го направат и останатите избрани пратеници.

Ако Џафери не биде во можност да ја закаже конститутивната седница, уставните и законските одредби предвидуваат тоа да го стори највозрасниот пратеник од новиот парламентарен состав.

Вчера и завчера министрите за образование и наука и за економија Арбер Адеми и Крешник Бектеши, објавија дека се позитивни на Ковид-19.

МИА/Фото: Собрание

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И министерот за образование Арбер Адеми позитивен на Ковид-19

Министерот за економија Крешник Бектеши позитивен на Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Даночен инспектор во УЈП обвинет за примање поткуп: „Ќарил“ 5.000 евра

Редакција

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управители во Европска очна болница

Редакција

Во Софија нов состанок на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања

Редакција