Четворица новозаразени, еден оздравен и еден починат во изминатите 24 часа е билансот според податоците од Министерството за здравство за состојбата со коронавирусот во Кичево, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна 126, од кои 94 се активни, 25 се излекувани и седум лица се починати.
-Денеска кај нас се забележани четворица новозаболени, едно лице за среќа успеа да ја добие битката со вирусот и едно лице на возраст од 72 години за жал ја загуби битката со вирусот, изјави д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.
Тој упати апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.
МИА/Фото: МЗ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини: Аеродром „ита“ кон Чаир
Починаа пет нови пациенти од корона вирусот, најмладиот од нив на 48-годишна возраст
Нови 102 заразени со корона вирусот од 1.356 тестирања, најмногу во Скопје, Куманово и Штип