еМагазин
Image default
Локално

Уште едно обвинение за убиство за подмолниот убиец од Добрејци

Основното јавно обвинителство од Струмица поднесе обвинение против едно лице од село Добрејци поради основано сомневање дека во октомври 2018 година на подмолен начин и од материјални побуди го убил лицето Александар Мицев од Струмица испукувајќи два куршума од огнено оружје во неговата глава.

Обвинителството потсетува дека на 6 февруари годинава истото лице е осудено на 20 години затвор заради убиство што на речиси идентичен начин го извршил над лицето Ристо Иљашев.

„Во текот на истрагата, обвинителството прибра доволно докази кои ја потврдуваат основаноста на сомневањето дека обвинетиот, на речиси идентичен начин како и во случајот со претходната жртва Ристо Иљашев, го извршил кривичното дело и кон втората жртва – Александар Мицев од Струмица. Тој го лишил од живот оштетениот на подмолен начин и од материјални побуди.

На 09.10.2018 година, во адвокатска канцеларија во Струмица, обвинетиот и неговата жртва склучиле Договор за купопродажба на недвижен имот – деловна просторија. Притоа, оштетениот се јавува како продавач, а обвинетиот како купувач.

По ова, тие заминале во село Добрејци, во работилницата на обвинетиот за наводна исплата на парите во готовина. Искористувајќи ја приликата кога останале сами и довербата што оштетениот ја имал кон него, обвинетиот испукал два куршума од огнено оружје со калибар 22 (5,6 мм) во пределот на главата на жртвата“, информираат од Обвинителството.

Од здобиените повреди кај оштетениот дошло до пореметување и прекин на работата на важни мозочни центри и настапила смрт.

Според доказите што ги прибрало Обвинителството, обвинетиот го ставил телото на убиениот во метален резервоар за гориво, кој го обвиткал со полиетиленска фолија. Потоа со возило го однел на браната „Турија“ и го фрлил во езерото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дваесет години затвор за убиецот на струмичанецот чие тело беше пронајдено во браната „Турија“

Прифатено обвинението за убиство на струмичанецот чие тело беше пронајдено во браната „Турија“ кај Струмица

Нов човечки труп пронајден во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица

Жител на Добрејци осомничен за убиството на Струмичанец: Телото му го сокрил во метално буре кое го потопил во браната „Турија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крвав напад во Шуто Оризари: Го заслепиле и го прободеле во вратот

Редакција

Неколкумина го тепале на „Партизанска“

Редакција

Пожар во стан во зграда во Тетово, нема повредени

Редакција