еМагазин
Image default
Локално

Пронајдени 11 мигранти од Бангладеш во возило на автопатот Гевгелија-Неготино

Единесет мигранти од Бангладеш, пронајдени се вчера околу 08.00 часот на автопатот Гевгелија – Неготино, кај наплатна станица „Демир Капија“, при контрола на возилата „БМВ“, со велешки регистарски броеви, управувано од О.Д.(46) и „фолксваген фејтон“, со тетовски регистарски броеви, управувано од С.М.(37), двајцата од с.Бузалково, Велешко.

Како што информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитниотн центар Гевгелија, за понатамошна постапка.

За настанот е известен јавен  обвинител, по чии насоки против возачите ќе биде поднесена кривична пријава.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје организира „Историска тура со маршалот“, водич Војче Китановски

Редакција

Возач од Србија смртно прегази маж од селото Облавце

Редакција

Обвинение против скопјанец за криење арсенал оружје и хероин во бункери

Редакција