еМагазин
Image default
Македонија

Села и Гаши ја прифатија поканата за средба со Ахмети, но по 17 август

Алијансата за Албанците и Алтернатива ја прифатија поканата од лидерот на ДУИ, Али Ахмети за зедничка средба со лидерите на партиите од албанскиот политички блок, но бараат наместо утре, таа да се одржи на друг датум, почнувајќи од 17 август.

„Сметаме дека политичкиот механизам на тркалезната маса е важен политички инструмент за координирање на позициите на албанските парламентарни партии и како таков, сметаме дека треба да продолжи да се негува за артикулација на албанските интереси во Северна Македонија.

Размислете за можноста за друг датум почнувајќи од понеделник (17.08.2020) натаму, секако со известување неколку дена претходно со дневниот ред на средбата“, се вели во писмото на Алијансата за Албанците и Алтернатива до претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Фото: Фејсбук/Алијанса за Албанците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амбасада на САД: Македонија и Албанија ги задоволија условите за почеток на преговорите, меѓувладини конференции со ЕУ што поскоро

Редакција

Од Ковид-19 починале 19 лица, дополнително пријавени уште 5

Редакција

Приведен ученик во Скопје кој се заканувал дека ќе убие професори

Редакција