еМагазин
Image default
Бизнис

Затворањето на Еуростандард банка нема да влијае на стабилноста на осигурителниот пазар, тврдат од АСО

Осигурителниот пазар останува стабилен и развојот на настаните околу Еуростандард банка нема да влијаат негативно врз ликвидноста и солвентноста врз работењето на осигурителните компании, истакнаа од Агенцијата за супервизија на осигурување.

Од АСО посочија дека според последните податоци, вкупната актива на осигурителниот сектор изнесува 26,4 милијарди денари. Осигурителниот сектор го сочинуваат 16 друштва за осигурување, од кои 11 вршат работи на неживотно осигурување, а пет вршат работи на осигурување на живот.

Само четири друштва за осигурување имаат парични средства и депозити во Еуростандард банка, а вкупната вредност изнесувала 31 милиони денари, што претставува 0,1 отсто од вкупната вредност на активата на осигурителниот сектор.

– Средствата кои осигурениците ги уплатиле по основ на премии во друштва за осигурување се вложени во инструменти и пласмани почитувајќи ги принципите на диверзификација и нивната вредност на 30.6.2020 година изнесува 14.742.452.987 денари.

Во депозити во банки и парични средства на сметки во банки се наоѓаат 4.691.078.198 денари што е околу 32 проценти од вкупната вредност на сите вложувања кои друштвата за осигурување ги направиле од средствата на осигурениците.

Од овој износ, во Еуростандард банка на 30.6.2020 се наоѓаат пласмани на две друштва за осигурување во вкупен износ од 24.446.041 денари, што претставува 0,5 отсто од вкупната вредност на вложувањата во депозити во банки, додадоа од АСО.

Од Агенцијата нагласија дека вкупната вредност на средствата со кои располагаат друштвата за осигурување, а се од други извори, односно капитал и останати обврски, изнесува 11.645.170.177 денари. Од нив, во депозити во банки и парични средства на сметки во банки се 1.485.690.994 денари, или скоро 13 отсто.

Од овој износ, 6.624.875 денари се вложени од страна на две друштва за осигурување во Еуростандард банка, што претставува 0,4 проценти од вкупната вредност на вложувањата во депозити во банки и парични средства на сметки во банки.

Од АСО информираа дека во текот на 2019 година, АД за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје доби нов сопственик, односно австриската осигурителна група ГРАВЕ од Грац ги купи сите акции издадени од ова друштво за осигурување од претходниот сопственик, кој е сопственик на банката.

Оттука, ова друштво за осигурување не е во сопственичка поврзаност со банката, и не постои ризик од пренесување на обврските од банката на друштвото за осигурување.

– Заклучокот што се добива од изнесените факти ја потврдува констатацијата дека не постои никаков ризик дека отворањето на стечајна постапка на Еуростандард банка ќе влијае на исполнувањето на обврските на друштвата за осигурување кои произлегуваат од договорите за осигурување ниту пак ќе се одрази суштински на профитабилноста и солвентноста на друштвата за осигурување, заклучија од Агенцијата за супервизија на осигурување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пропаст наместо нов газда: Можеше ли да се спаси Еуростандард банка?

Каде треба да се обратат физичките и правните лица кои користеле услуги на Еуростандард банка

Народна банка ја затвори Еуростандард банка, утре ќе побара отварање стечајна постапка

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зуди Енузи Кока нов в.д. директор на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје

Редакција

Општина Дојран склучи договор со “Еко-теам“ вреден 1,9 милион евра

Редакција

Владимир Пецовски и „Ситко Антонио“ купија акции во Реплек

Редакција