еМагазин
Image default
Бизнис

Нов протокол за влез во Грција на преминот „Евзони“ од 17 август

Од понеделник 17 до 31 август 2020 часот, на граничниот премин „Евзони“, само во периодот од 6 до 22 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само грчи државјани, државјани на трети земји кои имаат регулиран престој во Грција, EULEX-дипломатски персонал и членови од нивните семејства, лица кои патуваат од медицински и бизнис причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување од Aмбасада на Република Грција во странство, како и возачи на товарни возила.

Ова денеска го соопшти Министерството за внатрешни работи по добиените информации од страна на грчката гранична служба од граничниот премин „Евзони“ за новиот протокол за влез во Грција на истиот премин.

– Сите овие лица за да остварат влез во Грција на преминот „Евзони“ потребно е да приложат негативен PCR тест за Ковид-19 од сертифицирана лабораторија на англиски јазик, не постар од 72 часа, се наведува во соопштението на МВР и информираат дека останува обврската за претходна електронска најава и добивање на PLF документ (Passenger Locator Form).

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетовски Интерпромет со намалена добивка во третиот квартал

Редакција

„Макпетрол“ за новата цена на горивата: РКЕ не сака да се откаже од дополнителни зафаќања кај акцизата

Редакција

Орка холдинг продаде 11.115 акции во Жито Полог, ги купи Нефроплус медикал

Редакција