еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Во болницата во Чаир, 300 породувања повеќе за разлика од лани

Во Специјалната болница по гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир, евидентирано е зголемување на бројот на породувања во изминатите седум месеци, во споредба со истиот период минатата година.

Од почетокот на оваа година, до крај на јули, годинава, се извршени 2.511 породувања, што е за речиси 300 породувања повеќе, во однос на овој период лани, кога биле реализирани 2.222 породувања.

Од болницата информираат дека и во услови на Ковид-19, работата во оваа болница тече регуларно, односно болницата ги спроведува породувањата, како и сите прегледи и скринизи за фетусни аномалии.

„Во нашата болница постојано се преземаат мерки за заштита од Ковид-19, задолжително е носење маска, на пациентките им се мери температура на влез и дозволен е влез само на пациентката што е дојдена на преглед, додека придружбата чека надвор.

Исто така, е задолжително носење заштитна опрема на вработените, се врши и зајакната хигиена и дезинфекција во собите и во ходниците, а се врши и почесто земање брисеви од работните површини и од воздухот,“ информираат од Специјалната болница по гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир.

Инаку, по 40 години, целосно се реновирани двете гинеколошки операциони сали во болницата во Чаир, а значајна новина е и гасификација на оваа јавна здравствена установа.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вчера низ Македонија изгаснати 19 пожари, нема активни

Редакција

Сончево време но со ветер: Најниски температури измерени во Маврово, најмногу снег на Шапка

Редакција

Доктор Кунгуловски: Ниту една вакцина не предизвикува болест, само се намамува имунолошкиот систем да реагира

Редакција