еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините и дизелот поевтинуваат за 0,50 денари

Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ ќе се намалат за 0,50 денари за литар, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според РКЕ, цената на еуросупер БС-95 ќе биде 59,50 денари за литар, на еуросупер БС-98 61,50, а на еуродизел 52 денара.

Екстра лесното масло за домаќинство и натаму ќе чини 52 денара за литар.

Зголемување ќе има само кај малопродажната цена на мазутот, за 0,244 денари, која од ноќеска на полноќ ќе изнесува 26,365 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продаден блок акции од Комерцијална банка за 33.000 евра

Редакција

Општина Карпош вработува пет лица, плата до 29.694 денари

Редакција

Листа на должници на УЈП: Се намалува бројот на граѓани и фирми кои и должат на државата

Редакција