еМагазин
Image default
Македонија

Во Богданци нови два случаи на Ковид-19

Двајцата новоинфицирани пациенти со коронавирусот, кои во вчерашниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) беа нотирани во Гевгелија, всушност се од општина Богданци, потврдија денеска од ПЕ на Центарот за јавно здравје од Гевгелија под чија надлежност се и општините Богданци и Дојран.

Епидемиологот д-р Сашо Олумчев рече дека во Гевгелија состојбата е непроменета, односно останува со три активни случаи кои беа регистрирани деновиве.

Три активни случаи сега има и во општина Богданци, а во општина Дојран седумте пациенти се негативизирани и моментно нема активни случаи и покрај тоа што, веројатно поради задоцнето ажурирање, до вчера се уште се водеа како активни во извештајот на ИЈЗ.

Според корона картата на југоисточниот регион, од почетокот на пандемијата до денеска во општините Гевгелија, Богданци и Дојран за пет месеци од коронавирусот биле заразени 31 пациент од кои 18 во Гевгелија, шест во Богданци и седум во Дојран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 238 случаи на Ковид-19 во Македонија се импортирани

СЗО: Коронавирусот се повеќе го шират лица на возраст од 20 до 40 години

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гордана Силјановска Давкова за пропустот на Тамара: Време е да ставиме крај, пред законите нема извини!

Редакција

Новинарите ги осудија заканите до медиумите на Османи за скандалот со пензиите

Редакција

Сам се пријавил: Охриѓанец ја искршил таблата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Редакција