еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Коалициските партнери од „Можеме“ го поддржаа договорот на СДСМ и ДУИ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар Љупчо Николовски попладнево имаа средба со лидерите и претставниците на партиите од коалицијата „Можеме“.

Како што соопшти СДСМ, коалициските партнери му дале целосна поддршка на договорот за коалицирање со ДУИ, како и на вредностите и принципите кои произлегуваат од него во насока на брза трансформација на државата.

Пред присутните, Заев ги претстави главните приоритети на новата Влада за следниот четиригодишен мандат. Тој рече дека квалитетни, чесни, и одговорни кадри ќе бидат предложени од сите политички субјекти во коалицијата „Можеме“, кадри кои се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципи на новата влада.

– Новата Влада предводена од СДСМ главен фокус ќе стави на јакнење на економскиот стандард и уште поголема грижа за сите. Сериозно ќе се посветиме на реформи во јавната администрација и намалување на нејзиниот обем за 20 отсто.

Истовремено, ќе се посветиме на прочистување на судството, проверка на имотот и капиталот на секој функционер и неселективна борба против корупцијата. Силно сме мотивирани на обезбедување чист воздух и здрава животна средина преку широка мобилизација на сите капацитети. Секако како еден од главните приоритети е и напредокот во евроинтегративниот процес преку почетокот на преговорите и отворањето на првите поглавја.

За тоа да го реализираме потребни се чесни, одговорни и професионални кадри кои ќе раководат со институциите. Во овој период течат сериозни разговори со коалициските партнери за да се најдат најодговорните и најдобрите кадри за одредени ресори, со што секоја партија од оваа коалиција би дала свој удел во водењето на институциите во следните четири години, истакна Заев.

Тој им честиташе на коалициските партнери за победата на изборите на 15 јули, посочувајќи дека со победата се потврди европскиот пат на државата.

– Тоа ни дава чест и обврска да работиме уште повеќе на домашен план во следниот четиригодишен мандат, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средба на лидерите на партиите од „Можеме“: БЕСА го доби Министерството за земјоделство

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Центар склучи договор со А1 Македонија вреден 2 милиони евра

Редакција

Скопјани навалија на ќебапчиња: „Дестан“ не може да постигне од нарачки

Редакција

Намалување од 34,3%: Минатата недела 1.763 нови случаи на Ковид-19

Редакција