По барање на Обвинителството притвор во траење од осум дена доделил судот во Охрид за Нефи Усеини, советник од редовите на ДУИ во општина Охрид и неговиот брат поради инцидентот во кој со пиштоли тепале охриѓанец.
Полицијата веќе изврши претрес во домовите на осомничените, но не ги пронајде. Одземени се и снимките од објектот каде што се случил инцидентот, а од нив е констатирано дека бил употребен пиштол во нападот на Спире Топалоски.
Нападот на Топалоски се случи пред два дена пред хотел во Охрид. Тој преку социјалните мрежи објави дека Усеини заедно со брат му и уште две лица првин му извадил пиштол нему и на неговото малолетно дете за потоа со оружјето да го удираат по главата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за охридскиот советник од ДУИ, Нефи Усеини и неговиот брат
Фото: Фејсбук/Усеини