Министерството за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти заболени од Ковид-19.
Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни, една мајка и три деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември” примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 68 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 13, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 58 пациенти кои боледуваа од Ковид-19
Дебарчанец почина од Ковид-19, досега вкупно 564 починати од вирусот
Нови 137 случаи на заразени од Ковид -19, најмногу во Скопје
Фото: МЗ