Хрватска силно ве поддржува, сега кога се соочувате со многу важна одлука за претстојниот референдум. Вие припаѓате во семејството на ЕУ и НАТО, а Хрватска е подготвена да Ви помогне на тој пат, со тоа што ќе го споделиме нашето искуство, вели во видео порака до македонските граѓани во пресрет на референдумот хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.
„Вие припаѓате во фамилијата на ЕУ и НАТО, а Хрватска е спремна да ви помогне на тој пат“, ни порача хрватската претседателка Kolinda Grabar-Kitarović. Одлуката е наша, на 30-ти септември сами одлучуваме за европска Македонија.
Posted by Zoran Zaev on Недела, 23 септември 2018
– Ова е можност да придонесете кон целокупната стабилност и напредок во Југоисточна Европа. На крајот одлуката е Ваша, и само ваше право. Ние ќе ве поддржиме со сите ваши напори, вели Грабар Китаровиќ.