еМагазин
Image default
Свет

Русија отвори истрага за можно труење на Навални

Министерството за внатрешни работи на Русија денеска соопшти дека отворило истрага за здравјето на опозиционерот и еден од главните критичари на Кремљ, Алексеј Навални, поради можно труење.

Навални (44) е во индуцирана кома во берлинска болница, каде беше префрлен во саботата, откако се разболе на летот над Сибир.

Германска болница соопшти дека првиот медицински преглед на Навални укажува на труење, додека руските лекари, кои го лекуваа во сибирската болница, тврдеа поинаку.

Одделението на сибирското Министерството за внатрешни работи започна прелиминарна истрага откако авионот во кој се наоѓаше Навални беше принуден да слета во Сибир откако му се слоши на рускиот дисидент. Тие велат дека извршиле увид во хотелската соба каде Навални престојувал во Томск, ги истражиле рутите по кои се движел во градот и анализирале снимки од надзорните камери од областа.

Тие тврдат дека не откриле никакви лекови или други супстанции.

Кремљ оваа недела објави дека сака околностите за состојбата на Навални да бидат откриени и изрази надеж дека инцидентот нема да им наштети на односите со Западот.

Германија, Франција и други земји ја повикаа Русија да спроведе сеопфатна истрага.

Министрите на ЕУ се очекува набрзо да разговараат за состојбата на Навални.

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дријан, изјави дека не разбира зошто Русија не зазела транспарентен пристап во однос на можното труење на Навални.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во Германија ќе се докажува дали Алексеј Навални бил отруен

(Видео) Случајот Навални ја тресе светската јавност: Неговата докторка тврди дека е отруен и бара увид во лекувањето

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лидерите на Г20: Да се сузбие нееднаквоста, да се поддржат малите претпријатија

Редакција

Канада стана втора земја во светот која легализира рекреативна употреба на марихуана

Редакција

Велика Британија влезе во рецесија

Редакција