еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Бројот на работници во индустријата намален за 4,6 проценти

Бројот на работниците во индустријата во јули годинава во однос на јули минатата година е намален за 6,2 проценти. Во првите седум месеци од годинава споредено со истиот период лани има намалување за 4,6 проценти на работниците во индустријата, објави денеска Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи опаѓање од 0,7  проценти, во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,9 проценти, како и од 6,9 проценти во преработувачката индустрија .

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули годинава, во однос на јули минатата година, бележи опаѓање кај енергија за 0,9 проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 5,4 проценти, капитални производи за 10,9 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за  седум проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4 проценти.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донесена Уредбата за ваучери за поддршка на домашниот туризам со вредност од 6.000 денари

Редакција

Над 3,8 милиони евра донирани во солидарниот фонд за борба со коронавирусот

Редакција

Петтиот пакет „тежи“ 9,7 милијарди денари, директна помош и за фирмите и за граѓаните

Редакција