еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство со истрага за дивоградбата пред „Мавровка“: Сопственикот остана без пасош

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, во текот на месеците јуни и јули, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330м2 пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, без притоа да добие одобрение за градба од надлежен орган.

Со цел обезбедување на присуството на осомничениот во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска да се јавува повремено во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање нова​,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се е легално, ќе тужам, вели сопственикот на дивоградбата кај „Мавровка„

(Во живо) Почна уривањето на дивоградбата кај ТЦ Мавровка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Нова „бомба“ од “Ла Верита“: Катица наводно му вели на Камчев дека се ќе биде ОК

Редакција

Владата „крчка“ законски измени за покачување на платите во јавниот сектор

Редакција

Починаа три лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.484

Редакција