еМагазин
Image default
Свет

(ВИДЕО) Ќесиња со марихуана паѓаа од небото во Израел

Луѓето кои вчера се најдоа на плоштадот Рабин во Тел Авив, Израел, беа сведоци на дрон кој леташе над нив и „ги гаѓаше“ со ќесички полни канабис.

Зад несекојдневниот настан стои групата „Зелен дрон“, која се залага за легализација на марихуаната. Името на групата и слоганот „Бесплатна љубов“ се напишани на секое пакетче.

Полицијата, сепак, предупреди дека ќесичките можеа да завршат во рацете на деца, бидејќи неколку од нив паднаа на детските игралишта.

Во 2018 година, Израел го декриминализира канабисот со закон со кој е дозволено три пати едно лице да биде фатено со количина за лична употреба. Но, ако некого фатат по четврти пат, се отвора кривична постапка. 

МИА/фото/видео: Ројтерс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бајден: Кога ќе заврши броењето ќе нѐ прогласат за победници, Ве молам останете смирени

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Израел уби над 1.756 деца во Газа за две недели

Редакција

Првиот човек на НАТО, Столтенберг: Војната во Украина ќе трае долго

Редакција