Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе се намалат, бензините за 0,5 денари, а дизелот за 1,5 денари. Намалувањето е резултат на пад на цената на суровата нафта на светските берзи.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) со денешната одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,73 проценти, соопшти дека од вечерва на полноќ Еуросупер БС-95 ќе изнесува 59,50 денари за литар, додека малопродажната цена на БС-98 ќе изнесува 61,50 ден.
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 50,50 денари за литар.
За 1 денар за литар се намалува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 50,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 25,956 ден/кг.
Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување и тоа: на бензинот за 3,103 проценти, на дизелот за 5,626 отсто, на екстра лесното масло за 5,358 проценти, и на мазутот за 2,497 отсто .
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,64 проценти.