еМагазин
Image default
Македонија

Пратеници од претходниот собраниски состав сведочат за „27 април”

Со сослушување на пратеници кои биле дел од претходниот собраниски состав, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето за организаторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието.

На предлог на одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, на денешното рочиште треба да бидат сослушани пратениците Илија Димовски, Зоран Илиоски, Лилјана Кузмановска, Благој Деспотовски, Слаѓана Митовска и Весна Пемова.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразунавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата одлучи платите на вработените на Фондот за здравство да останат исти до мај

Редакција

Три нови случаи на Ковид-19 од 1.601 тестирања, бројката на активни е 273

Редакција

Преку 1.200 македонски државјани заминале за Србија по укивањето на ПЦР тестот за Ковид-19

Редакција