На 11.09.2020 во 16,13 часот било пријавено дека кај мост во с.Истибања-Виница, во водите на реката Брегалница влегол 14- годишен малолетник кој бил со уште неколку други малолетници, за да се капат, но набргу се удавил, информира МВР.
На местото на настанот било излезено од полициски службеници од Полициската станица Виница и екипа од Територијалната противпожарна единица и по извршеното пребарување, околу 21,30 часот било пронајдено телото на детето, а од страна на лекар била констатирана смрт.
По насоки од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.