еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев на конференција на „Економист“ во Атина ќе дискутира со Дора Бакојани, а ќе се сретне и со Мицотакис

Премиерот Зоран Заев од 15 до 16 септември ќе оствари работна посета на Република Грција, придружуван од делегација на Владата во чиј состав ќе бидат и заменик- претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заменик-претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, информираат од Владата.

Заев, во рамките на дводневната работна посета на Грција ќе учествува на “24-та тркалезна маса со грчката Влада” во организација на угледниот магазин „Економист“.

“На тркалезната маса на „Економист“, на која оваа година доминираат темите за справување со пандемијата со Ковид-19 и потребата од нови здравствени политики, лекциите од менаџирањето со глобалната здравствена криза и влијанието на глобалната и европската економија, премиерот Заев ќе има свое обраќање на панел-дискусијата посветена на Западен Балкан.

Заедно со него, на овој панел, посветен на прашањата за проширувањето на Европската Унија и реформите што треба да се спроведат, како и за трговијата и инвестициите, ќе дискутираат и поранешните претседатели на Црна Гора и Србија, Филип Вујановиќ и Борис Тадиќ, поранешниот премиер на Босна и Херцеговина, Златко Лагумџија, како и поранешната министерка за надворешни работи на Грција, и актуелна пратеничка од партијата Нова демократија, Дора Бакојани“, информираат од Владата.

Меѓу најавените учесници на дводневната конференција се и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, министри од грчката Влада, меѓу кои, за надворешни работи, за здравство, за одбрана, за инвестиции, поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, шефот на кипарската дипломатија, амбасадорот на САД во Грција и други.

Во агендата на дводневната работна посета на Атина на премиерот Заев, на 16 септември е предвиден работен ручек со Мицотакис, на којшто му претходи средба со претседателката на Република Грција, Катерина Сакеларопулу.

Премиерот Заев ќе има и повеќе средби со бизнисмени на конференцијата на „Економист“, како и со претставници на грчката бизнис заедница, велат од Владата.

Битиќи и Димитров за време на оваа дводневна работна посета на Атина ќе остварат средби со свои колеги и други членови на Владата на Грција, а Османи ќе оствари работна средба со неговиот колега, шефот на грчката дипломатија, Никос Дендијас, како прва официјална средба по назначувањето на новата функција.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Благајник во ЈЗУ „Завод за нефрологија“ Струга четири години сам си ја зголемувал платата 

Редакција

Македонците повторно на вакцинација викендов во Врање: Во организација на „Спона“ ќе бидат вакцинирани 800 граѓани

Редакција

(ВИДЕО) НАСА го лансираше најмоќниот сателит во историјата

Редакција