еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Протест на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата: Се бара оставка на РКЕ

ВМРО-ДПМНЕ, вечерва по трет пат го подигна гласот за против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), за поскапување на струјата за 7,4 проценти.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев вечерва пред седиштето на РКЕ во центарот на Скопје, изјави дека Македонија е единствена земја која во услови на здравствена и економска криза ја поскапува струјата за 7,4 проценти со што директно удира врз стандардот на граѓаните.

„Очигледно власта е глува на проблемите и барањата на народот. Исто како и владата, така се однесува и Регулаторната комисија која со денови одбегнува да одговори и на ВМРО-ДПМНЕ, но и на граѓаните за ова нерационална одлука. Регулаторната комисија е само обична маша во раце на власта на Заев.

Тоа што Заев го бара од нив тие само слепо го реализираат а целта е јасна, да се покрие недомаќинското и расипничко работење на енергетските компании со пари од џебот на граѓаните.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе побара надзорна расправа во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија за поскапување на цената на електричната енергија во услови на економска криза“, рече Јанушев.

На ова надзорна расправа ВМРО-ДПМНЕ, како што најави генералниот секретар на ова партија ќе побара да се разгледа начинот на работа РКЕ, но и начинот на кој се носат овие штетни одлуки по стандардот на граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потсетува дека ова комисија не е самостоен, а уште помалку независен експертски орган туку е само реализатор на барањата на Заев. Првиот човек на комисијата Марко Бислимовски, е член на СДСМ, дел од партиското на раководство кој е сликан на партиски настани, во партиски простори, кој сега на јавноста и се покажува како независен експерт. Тоа е класична манипулација, која народот скапо ја чини“, истакна Јанушев

Воедно од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе побарат оставка на РКЕ и поништување на одлуката за поскапување на одлуката за 7,4 проценти.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Италија речиси 100.000 болни со коронавирусот, вчера починале 756 луѓе

Редакција

Во Македонија нема нови заразени со делта сојот, за невакцинираните можни рестриктивни мерки наесен

Редакција

МНР на Бугарија ќе и врачи остар демарш на македонската амбасадорка за оштетувањето на стаклото на бугарскиот клуб во Охрид

Редакција