еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Почина деветмесечно бебе во болницата во Струмица, полицијата спречи инцидент од роднините

Попладнево околу 16 часот на детското одделение при струмичката болница починало деветмесечно дете од село Банско, а со правовремена интервенција на полицијата е спречен инцидент, откако еден од роднините на детето бурно реагирал обвинувајќи ги лекарите за смртта на детето, изјави директорот на болницата, д-р Наќе Гогов.

„Детето во болницата било донесено во многу тешка состојба и покрај обидите за реанимација од страна на лекарите тоа починало. Обезбедувањето на болницата навреме ја повикало полицијата и е спречен поголем инцидент. Јас ја разбирам тагата на блиските, но никој нема право да реагира како што не треба“, рече д-р Гогов.

Инаку, денес претпладне се случи голем инцидент на инфективното одделение во болницата, кога група од дваесетина граѓани украдоа мртовец.

Пациентот, откако бил примен во тешка состојба, по дваесет минути починал, а дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица насилно го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го дигнале од креветот и го префриле преку оградата, го ставиле во комбе и се упатиле во непознат правец.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали за бизарниот случај во Струмица: Полицијата ги бара „крадците“ на мртовецот

(Видео) Хаос на улица во Струмица: Не се знае кој кого мава во масовна тепачка

Украден мртовец од струмичката болница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопругата на Јанакиески си ја отвори душата на Фејсбук: Зарем треба борбата за правда да се сведе на мотото “уапси го Миле”

Редакција

Десет корисници и двајца вработени во Домот за стари Куманово позитивни на Ковид-19

Редакција

МВР ќе поднесе кривични и прекршочни пријави за протестот за „Монструм“

Редакција