На 21.09.2020 во 19.30 часот во Полициската станица Кичево, од Медицински центар Кичево било пријавено дека во дом на ул.„11 Септември“ бил пронајден починат С.В.(66) од Кичево, информира МВР.
Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Кичево, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.