еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Утре стабилизирање на времето, од сабота до понеделник циклонска активност со влажни бранови

Преодно стабилизирање на времето ќе има утре и ќе дува умерен дозасилен јужен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура утре ќе се движи од 8 до 15 степени, а дневната од 20 до 31 степен. Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната до 28 степени.

Од сабота до понеделник ќе бидеме под влијание на изразена циклонска активност со чести продори на влажни бранови.

Времето ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд особено во сабота (над 30 литри на квадратен метар), кои наместа ќе бидат поројни, со грмежи и силен ветер (над 80 километри на час).

Температурата значително ќе се намали.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Мицкоски имаше лесна хируршка интервенција

Редакција

Таравари изнесе низа пропусти во лекувањето на 14-месечното бебе кое почина на Детската клиника

Редакција

На 47 години почина новинарот Саше Димовски

Редакција