еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Ракот на дојка е излечлив доколку се дијагностицира навреме

Ракот на дојка е втор најчесто дијагностициран рак кај жената, после ракот на кожа, а е втор по причина за смрт од рак,  после ракот на бели дробови.

Статистиките покажуваат дека честотата на болеста во последните 30 години расте на глобално ниво, и тој пораст изнесува 3,1% годишно, а морталитетот варира.

Истражувањата покажуваат дека во просек 1 од 8 жени во својот живот ќе развијат рак на дојка. Околу две третини од жените се над 55 години, а останатите се меѓу 35 и 54 години.

Жените во постменопауза се во двојно поголем ризик од заболување од рак, доколку имаат проблеми со дебелина.

Што е рак на дојка?

Директната причина која доведува до промена на нормалната клетка во малигна сеуште не е потполно разјаснета, но гените  вклучени во клеточниот развој, раст и смрт се одговорни за тој процес на промена. Во клетката постои рамнотежа помеѓу нејзиниот раст и смрт. Со губењето на контролата на оваа рамнотежа, настанува неконтролирано размножување на биолошки променетите клетки. Доколку овие клетки отпатуваат до места каде обично не се наоѓаат, велиме дека тој рак е матастатски.

Ракот на дојка најчесто почнува во ограничено подрачје во жлездите  кои произведуваат млеко (лобуларен калрцином) или во каналчињата(дуктален карцином) кои носат млеко до брадавицата. Може да расте во дојките и да се прошири во блиските лимфни јазли или низ крвоток до други органи.

Мажите може да добијат рак на дојка, но се 1% од сите случаи од овој вид на рак.

Симптоми

Кои се раните симптоми на рак на дојка?

Промени во формата на брадавицата

Болка во градите, посебно по менструација

Грутка која не исчезнува по циклусот

Секрет од брадавицата со црвена или кафеава боја

Необјасниво црвенило, оток, воспаление на кожата, чешање или осип на кожата на дојката

Оток или грутка околу пазувите или на крајот на дојката.

Ризик фактори

Постојат повеќе фактори кои го зголемуваат ризикот од ова заболување.За жал на најважните и не можеме да влијаеме

Возрасна група – колку е жената постара , толку е ризикот поголем

Фамилијарна анамнеза -жени кај кои сестра , мајка или ќерка се веќе заболени од оваа болест

Наследен фактор – околу 5 до 10% од сите заболувања на дојка се предизвикани од фактор наследување

Прва менструација пред 12 години, а последна после 55 години

Жени кои не раѓале, или покасно родиле после 30 –та година

Хормонска терапија

Прекумерно консумирање алкохол

Преголема телесна тежина.

Превенција

Да се посвети повеќе внимание на здрава и разноврска исхрана

Почесто движење

Избегнување хормонски препарати.

Рано откривање на заболувањето

Самопреглед

Мамографија на пациентки над 40 години или порано-по одлука на специјалист радиолог

Ехотомографија на дојки

Магнетна резонанца на дојки.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 24 лица од Ковид-19, меѓу нив двајца скопјани на 35 и 36 години

Редакција

Каков имот поседува Петар Атанасов, кандидат за нов заменик-министер за образование?

Редакција

(Фото) Бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“ во Охрид остана без табла

Редакција