Управата за јавни приходи (УЈП) по пауза од неколку месеци поради кризата од Ковид-19 ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 31.05.2020 и неплатени до 31.08.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На листата на должници објавени се 1.989 должници – правни лица (повеќе за 224 од последно објавената листа) и 2.481 физички лица (повеќе за 160 од последно објавената листа во март, годинава).
Вкупно објавениот нето долг изнесува 9.386.752.292 денари (152 милиони евра),што е зголемување за 410.127.980 денари од последно објавената листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.333.529.912 денари (повеќе за 542.157.766 денари од последно објавената листа), додека долгот за царински давачки е 53.222.380 денари (помалку за 132.029.786 денари од последно објавената листа).
Целата листа на УЈП ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Звучни имиња на најновата листа должници на УЈП
Топ пет најголеми должници кон УЈП: ТЕ-ТО со 12 милиони евра убедливо на врвот