Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 3 мајки позитивни на Ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 36 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 173, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починаа уште четири нови пациенти од Ковид-19, сите во болнички услови
Нови 48 случаи со Ковид-19 од 387 тестирања, најмногу во Скопје
Убава вест: Оздравени 61 пациент од Ковид-19, најмногу во Скопје 21
Фото: МЗ