еМагазин
Image default
Локално

За еден ден 374 сообраќајни санкции во Скопје, од нив 16 за пешаци

Во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изречени се вкупно 374 санкции.

Како што соопшти денеска МВР, за возење без возачка дозвола санкционирани се 24 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење изречени се 92 прекршоци, за технички неисправни и нерегистрирани возила 16, а санкционирани се и 27 мотоциклисти.

За непрописно паркирање изречени се 107 мерки, додека 16 санкции се кон пешаци и 48 казни за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, стои во соопштението од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец пронајден починат во неговиот стан

Редакција

Директорка на училиште вработила наставник без соодветно образование

Редакција

Жена пријавила дека сопругот ја киднапирал и физички ја нападнал

Редакција