Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 27 септември покажуваат дека 30% од заразените со Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања.
“Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=17.639; 99,8%), кај 5.284 (30,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 3.664 лица имаат кардиоваскуларна болест, 1.432 дијабет, 754 се со хронична белодробна болест и 958 со други хронични болести.
Од хоспитализираните случаи, кај 2.030 (58,7%) се присутни коморбидитети“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
25,5% од заразените со Ковид-19 во Македонија без симптоми
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.