еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила министерката за образование, Мила Царовска

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот до Државната комисија за спречување корупција пријавиле новите министри во македонската Влада.

Каков имот пријавила Мила Царовска

Министерката за образование и наука, Мила Царовска на свое име пријавила градежно земјиште од 894 метри квадратни на Пониква.

На свое име нема ни стан, ни куќа, но затоа на име на родителите пријавила две куќи во Скопје, една во Канада и два стана во Скопје.

На име на родителите пријавила и земјоделско земјиште, лозје, ливада…

На нивно име пријавила и три возила, а уште едно и на име на брат.

Таа пак има кредит од 2,1 милиони денари, кој треба да го врати до 2034 година, како и девизни депозити од 2.848 евра и 4.983 долари.

Целиот прилично долг за наши услови анкетен лист ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил првиот вицепремиер и министер, Артан Груби

Каков имот пријавил пратеникот Мухамед Зеќири

Каков имот пријавил пратеникот Антонио Милошоски

Каков имот пријавил пратеникот Павле Трајанов

Фото: Фејбук/Царовска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 865 случаи на Ковид-19, во Скопје 397

Редакција

Димитров: Моите позиции за спорот со Софија причина што нема да бидам дел владата, интересот да ме нема не е само домашен

Редакција

Дивеење, сообраќаен хаос, гласна музика: Зголемено присуство на полиција во Капиштец и Дебар Маало

Редакција