еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Најавени 16 пријави за угостителски објекти, се прават свадби, не се почитуваат протоколите и работното време

Најмалку 16 пријави, кривични или прекршочни со платни налози, ќе поднесе Пазарниот инспекторат против угостителски објекти во Скопје, Тетово и во Струмица, откако при инспекциите во изминатата ноќ се утврдени прекршувања на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19, како и пречекорување на работното време, изјави за МИА директорт на пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски.

И покрај забраната за организирање затекнати се свадбени церемонии во седум објекти, направени се записници и во наредните три дена ќе бидат преземени мерки за проднесување кривични пријави.

Конкретно, казнети ќе бидат ресторан во Струга за организирање две свадби и на долниот и на горниот кат, еден од Струмица, а ќе има санкции и за две свадби во угостителски објекти затекнати во Тетово и за четири во Скопје.

Пауновски меѓу примерите за непочитување на мерките раскажа дека и покрај тоа што инспекторите синоќа во скопски локал го предупредиле газдата дека треба да ги размести масите и тој пред нив го направил тоа, откако тие си заминале таму повторно имало по седум осум лица на маса.

Ја известиле и полицијата која потоа интервенирала, а против локалот ќе има кривична пријава.

Кривична пријава, најави Пауновски, повторно ќе заработи и дискотека во Струмица, каде синоќа исто така имало забава и е направен записник.

Дваесет инспекциски екипи вчера вршеле контроли низ целата држава и како што вели Пауновски, некаде се почитуваат протоколите, некаде има мали отстапувања и тие случаи поминуваат и со опомени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Во „затворениот“ Мош нов настап на Георгиев, ниту присуството на полицијата не ја прекина забавата

„Сега, еве да допее Владо и затвараме„: Твитер реакции за журките во „Мош“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прва меѓународна конференција за Цефиксим во Истанбул, поддржана од „Алкалоид“  

Редакција

Каков имот пријавила судијата Сузана Здравева, која ја разреши Судскиот совет

Редакција

На судењето за „Беса транс“ доставени видео-записи за преминот на автобусот на граница и работата на Царинската управа и Граничната полиција

Редакција