еМагазин
Image default
Локално

МВР за еден ден изрече 301 санкција во сообраќајот во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 301 санкција, меѓу кои возење без возачка дозвола 13 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 128 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 26, 80 мерки за непрописно паркирање… Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Скопје пак ќе се протестира за пресудата за „Монструм“

Редакција

Загина 25-годишен скопјанец откако со мотоцикл излетал од коловоз на автопатот Скопје – Тетово

Редакција

Дознајте колку сте интелегентни, утре тестирање на Менса Македонија во Скопје

Редакција