еМагазин
Image default
Македонија

За една недела 31 новозаразен во Гевгелија, градоначалникот апелира да се почитуваат мерките

За една недела, односно од минатиот петок до денеска, во Гевгелија има 31 новозаразен со коронавирусот. Тоа укажува дека епидемиолошката состојба е сериозна, велат од гевгелиската Општа болница.

– Високите бројки алармираат дека есенскиот бран веќе дојде и дека граѓаните треба доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 без исклучок. Без разлика на возраста, апелирам до граѓаните на високоразвиена свест оти во оваа ситуација односот на повозрасните и помладите е пропорционален, бидејќи загрозувањето на јавното здравје зависи подеднакво од двете страни, рече градоначалникот Сашо Поцков, коментирајќи ја актуелната здравствена состојба во Гевгелија.

Новите бројки, рече Поцков, потврдуваат дека е зголемен бројот на новозаболени лица, особено кај младата популација која го внесува вирусот дома, меѓу постарите. Тој се надева дека константното зголемување на бројот на инфицирани лица ќе ги натера младите да го променат своето однесување кон пандемијата и ќе ги применуваат заштитните мерки.

Раководителот на Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија, епидемиологот Сашко Олумчев, изјави дека очекува и дополнителни рестрикции како единствен начин за да се заштити системот и јавното здравје на населението.

Директорот на болницата Митко Крџев истакна дека медицинскиот персонал е во одлична здравствена кондиција и дека има само двајца заболени кои се вработени во администрацијата на болницата.

МИА/Фото: Општина Гевгелија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за законот за ЈО, претпочита стандарден модел без хибридни решенија

Редакција

Заев: Арсовска е државјанин на Бугарија, за кмет може да се кандидира во Бугарија

Редакција