еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Галерија) Преубава природа-ѓубрето фрлено во реки, идентична слика на македонските планински села

Планинските села во Македонија се нереално убави, недопрена природа, пејзажи како од разгледница од швајцарските Алпи. Секое убаво на свој начин. Но, покрај различноста во посебноста на убавината, имаат едно заедничко. Речиси сите се загадени.

Ѓубрето најчесто завршува во реките кои се чисти како солзи, или во депонии кои самите жители ги создаваат на влезот од селото. Па така првата глетка на секој посетител на таа планинска природа е ѓубрето. Ова најчесто се случува на шарпланинските села, чии што жители реките ги „дават“ во ѓубре.

Жалосно е природната убавина која ја поседуваат да биде во втор план, бидејќи грдотијата ја унаказува убавината.

еМагазин преку фотографија Ви доловува конкретен пример со Вејце, шарпланинско село од каде што почнуваат планинарските тури за Црн Врв, Кобилица, Дупнат камен.

Фотогалеријата најдобро го претставува контрастот на убавината наспроти нејзиното унаказување со ѓубре. И тоа на најчистите планински води, кои извираат од срцето на планината, која е недопрена природа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Тактилни слики за лицата со оштетен вид во „Спомен куќата на Тодор Проески“: Затоа што Тоше е чувство

Редакција

(Фото) Поројни дождови предизвикаа поплави во Прилеп и го затворија патот Охрид-Св.Наум

Редакција

Реплек ќе дели дивиденда од 3.000 денари бруто по акција

Редакција