еМагазин
Image default
Локално

Санкционирани 332 возачи во Скопје, од кои 109 за пречекорена брзина

Вкупно 332 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 109 прекршоци, се изречени од страна на МВР во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциските контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, меѓу останатите казни се: 48 за технички неисправни и нерегистрирани возила, санкционирани се 20 мотоциклисти, а изречени се 37 казни за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, наведуваат од МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кавадарчанец пријавил дека бил физички нападнат од поранешната сопруга

Редакција

Скопјанка завршила на Клиника откако ја претепал соседот

Редакција

Во Кавадарци отстранет од работно место возачот на болничко возило кој возел под дејство на алкохол

Редакција