На 22.10.2020 во 20,30 часот во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово при извршенпреглед кај Д.Д.(28) од Куманово бил пронајден кокаин, информира МВР.
Тој бил приведен во полициска станица, извршен бил разговор по што била поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.