еМагазин
Македонија

Од Ковид-19 починаа две жени од Виница и Берово на штипското Инфективно одделение

Две пациентки на возраст од 67 години починале на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница, информираше портпаролот Марина Шуманска.

Двете пациентки, кои починале од компликации од коронавирусот се од Виница и Берово.

На ова одделение има хоспитализирано 50 пациенти, од кои 48 се позитивни, а двајца се сомнителни случаи и за нив се чекаат резултатите од тестирањето.

Во моментов на ова одделение има пет слободни болнички кревети, а притисокот врз ова одделение се намали откако пред седум дена кочанската болница почна да прима пациенти, на кои им треба болничко лекување од целиот источен регион. Оваа болница е со капацитет за 25 пациенти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

12 нови случаи на Ковид-19 во Тиквешко

Редакција

Со испитување на вештак продолжи судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Нови 606 случаи на Ковид-19 од 3.257 тестирања

Редакција