Претседателот на лекарската комора на Хрватска Крешимир Луетиќ соопшти дека ситуацијата со Ковид-19 во земјата е сериозна и дека државата ќе почне да ги мобилизира пензионираните доктори, пренесуваат хрватските медиуми.
Тие би требало да работат со другите пациенти, не оние заразени со Ковид-19.
Тој додаде дека тие нема да бидат во „првите борбени редови“ затоа што се во ризична група, но дека треба да се заменат лекарите кои поради самоизолација испаѓаат од системот, и треба да бидат заменети да работат со не-ковид пациенти.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.