еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,39 отсто.

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за половина денар.

Со ова, новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ од утре ќе изнесува 58,50 денари за литар, малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 60,50 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50 денари за литар.

Малопродажната цена на дизелот останува иста, односно 50,50 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бизнис-заедницата против прогресивниот данок: Ќе се зголеми сивата економија

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од Пелагонија Струмица за два милиони евра

Редакција

„Македонски телеком“ и „Оне.Вип“ во тесна трка на пазарот на мобилна телефонија

Редакција