еМагазин
Image default
Македонија

Дурловски, Бајрами, Зеќири и Лукаревска не се повеќе пратеници

Собранието на денешната седница констатира оставки на четворица пратеници, и тоа на пратеникот Игор Дурловски, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на Бајрам Реџепи од ДУИ и на двајца парламентарци од СДСМ, Мухамед Зеќири и Сања Лукаревска.

Ниту еден од пратениците не ја образложи својата оставката пред Парламентот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја повика Државната изборна комисија да го извести Парламентот за кандидатите за пратеници кои се следни на листите од кои беа избрани Дурловски, Бајрами, Зеќири и Лукаревска за на новите пратеници да им се верифицира мандатот.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ѝ донира тенкови на Украина

Редакција

(Видео) Дисциплинска за затворските полицајци од Шутка, кои буткаа новинари при излегување на Мијалков од притвор

Редакција

Заев: Истрагата за „Рекет“ мора да ги открие сите детали и секој да одговара за своите постапки

Редакција