Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски е негативен на Ковид-19.
Преку Фесјбук профил тој ја информираше јавноста дека денеска се тестирал и дека тестот е негативен.
– За време на сите мои активности, максимално и одговорно ги почитувам мерките за заштита на здравјето. Но, поради природата на мојата работа се тестирав за Ковид 19 и тестот е негативен. Да се чуваме и да ги чуваме сите околу нас. Да ги почитуваме мерките и да дадеме придонес во борбата против коронавирусот, напиша Николовски.
Тој воедно апелира да граѓаните ги носат маските, да ја држат потребната дистанца и да вршат дезинфекција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерот Спасовски позитивен на Ковид-19, имал благи симптоми