Бугарија да го признае македонскиот идентитет и македонскиот јазик, а за возврат Македонија да ја прифати историската вистина дефинирана од Бугарија и да признае дека идентитетот и јазикот се базирани на бугарски темели.
Според дипломатски извори на „Политико“, ова е договорот за компромис за кој во средата разговарале европските амбасадори, а по кој би почнале формални преговори за членство на Македонија во ЕУ.
На оваа тема на Твитер се огласи и Карл Билт.
„Добрите вести се дека ЕУ дипломатите го деблокирале почетокот на пристапните преговори со Македонија. Како и секогаш, во регионот имало комплексни историски прашања за решавање, овојпат со Бугарија“, напиша Билт.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.