еМагазин
Image default
Македонија

Уште еден починат од Ковид-19 во велешката болница

На Инфективното одделение при велешката Општа болница синоќа во 20 часот почина уште еден пациент ако последица од Ковид-19.

Тој е на 78-годишна возраст примен пред два дена во тешка општа состојба со мозочно крварење и позитивен на тест на Ковид-19, информира Д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Моментално на одделението се хоспитализирани 41 пациент, 36 потврдени позитивни и шест сомнителни кои чекаат резултати од тест: Единаесет пациенти се на кислородна поддршка.

Од болницата информираат дека денеска од оваа одделение се испишани како оздравени четири пациенти со негативни контролни тестови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сослушани четворица сведоци на одбраната во случајот „Плацови на Водно“

Редакција

Заев за РСЕ: Нека се објави се во врска со Рекет, јас не сум вмешан

Редакција

(Фото) Барањата на Бугарија влегуваат во преговарачката рамка, тврди Милошоски

Редакција