Спасувачките екипи денеска успеаја да извлечат тригодишно девојче од урнатините на зградата во Измир во западна Турција. Девојчето било заробено во урнатините 65 часа после катастрофалниот земјотрес!
Спасувачките екипи со денови трагаа по тригодишната Елиф, а претходно од урнатините ги извлекоа нејзината мајка и тројцата браќа и сестри. За жал, нејзиниот седумгодишен брат Умут им подлегна на повредите.
– Елиф беше храбра, ме фати за прст и ја избришав прашината од нејзиното лице, рече спасувачот кој го извлече девојчето.
Малото девојче го држело прстот на спасувачот додека не ја одвеле кај лекарите.
МИА/Фото: Anadolu Agency via Getty images
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.