еМагазин
Image default
Локално

Возач нападнал вработен на патарина на автопатот Тетово-Гостивар

Вработен на патарина е нападнат од возач кој воедно не сакал да плати билет, информира тетовската полиција. Инцидентот се случил на наплатна станица на автопатот Тетово-Гостивар во текот на вчерашниот ден.

„Во СВР Тетово вчера во 20 часот и 30 минути, Б.В.(29) од тетовска Брвеница, вработен на наплатна станица Тетово-Гостивар, пријавил дека еден час претходно на работното место физички бил нападнат од едно лице, кое одбивало да плати патарина.

Лицето управувало патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки“, информираат од тетовската полиција.

Сега мерките на СВР Тетово се насочени кон пронаоѓање на пријавениот за нападот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска во продажба дневен билет од 120 денари за неограничен број користења во градските автобуси во Скопје во текот на еден ден

Редакција

Со „Ауди“ удрил во 11-годишно девојче од Велес

Редакција

Трагедија: Младо момче почина сечејќи дрва со моторна пила

Редакција