еМагазин
Image default
Македонија

Струмичката болница доби санитетско возило за превоз на ковид-пациенти, откако директорот на Фејсбук побара донации

Струмичката болница денеска доби санитетско возило од Дирекцијата за заштита и спасување, кое досега го користеше Центарот за јавно здравје во Струмица.

Возилото е дадено откако за викендот директорот на болницата, д-р Наќе Гогов, на Фејсбук побара помош за донации за набавка на возила за превоз на пациенти до Скопје и Штип.

-Со превозот на пациенти се најдовме во многу тешка состојба заради застарениот возен парк. Имавме само две возила, од кои едното го користевме за транспорт на други пациенти, а второто за болни од коронавирусот. Ова возило ја има сета потребна опрема за превоз на пациенти и многу ќе ни помогне во овој период, рече директорот Гогов.

Додаде дека до крајот на годината треба да пристигнат две нови амбулантни возила од Министерството за здравство, со што болницата ќе ги има сите услови за превоз на пациенти.

Инаку, во последните денови во Струмичко драстично е зголемен бројот на заболени од Ковид-19 со рекордни 80 заболени во еден ден како што беше завчера. Сместувачките капацитети во струмичката болница од четирисетина кревети се целосно исполнети, а секојдневно на амбулантна терапија доаѓаат уште 42 пациенти.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Црн ден“ за смртноста од Ковид-19: Починати дури 30 лица

Редакција

Убава вест: 433 оздравени од Ковид-19

Редакција

Заев: Мора да се почитува домашното и меѓународното право, Морина ги има сите права

Редакција