еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Сите детали: На кој начин работодавачите да аплицираат за државна помош за плати

Собранието вчера ги усвои законите за финансиска поддршка на работодавачите и самостојните вршители на дејност за исплата на плати, со што се создадоа законски услови за спроведување на оваа мерка на државна помош, информира на денешната прес-конференција минситерот за финасии Фатмир Бесими.

Оваа мерка, како прво, според Бесими, ќе претставува мрежа за заштита на дестици илјади работни места во државата, односно ќе овозможи голем број работници да ги задржат своите работи места во овој период на криза.

Второ, за илјадници број вработени таа ќе значи задржување на истото ниво на плата. И трето, оваа е финансиска инејкција од 70 милиони евра во стопанството, односно внесување на средства и стимулирање на економската активнот во овој период на криза, додаде Бесими.

Двата закони, како што нагласи Бесими, се само дел од 12 закони и законски измени за 22 мерки од вкупно 31. мерки од четвртиот пакет помош, што се во надлежност на Министерството за финансии.

Тој додаде дека од овие 12 закони, три се веќе усвоени, а остантите се во собраниска процедура или се изготвени и се ставени на јавна консултација на ЕНЕР.

– Мерките од Четвртиот пакет кои се во надлежност на Министерството за финансии, и кои беа овозможени со ребалансот на буџтетот може да се категоризираат во четири категории, како: мерки за директна финансиска поддршка на фирмите, мерки за финансиска поддршка на граѓаните, даночни олеснувања и мерки во насока на системски решенија.

Со овие средства ќе се даде поддршка на приватниот сектор и граѓаните за време на вториот ковид-бран, а понатаму ќе дадат поддршка во заздравувањето.

Многу е важно да се истакне дека овие мерки се дизајнирани така да дејствуваат позитивно и на страната на понудата и на страната на потрошувачката и на тој начин да ги амортизираат последиците од кризата, рече Бесими.

Во рамки на мерките за финансиска поддршка на претпријатијата министерот ги посочи финансиската поддршка на работодавачите и самостојните вршители на дејност за исплата на плата во октомври, ноември и декември 2020 за кои законите се веќе усвоени од Собранието и треба да почне примена.

Тој понатаму ја потенцира новата линија бескаматни кредити со 30 отсто грант компонента, за која Владата има информација, мерката е дизајнирана и се очекува во тек на овој месец или почетокот на следниот да пристигнат средствата и да се стават на располагање на фирмите.

За државната гарантна шема пак, како што посочи министерот, законот е веќе изработен и е ставен на ЕНЕР за коментари од јавноста, додека за новите 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка исто така е веќе усвоена информација од страна на Владата и почнати се преговорите со ЕИБ за средствата, за кои се очекува да станат достапни за македонските компании на почетокот на следната година.

На истата прес-конференција директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, осврнувајќи се конкретно на мерката за финансиска поддршка на работодавачи, истакна дека мерките кои придонесуваат да се задржи на работата на секој вработен се врвен приоритет на Владата, Министерството за финансии и на Управата за јавни приходи преку која истите се спроведуваат.

Таа говореше и за условите и начинот на користење на мерката која започнува со електронско поднесување на барањето за финансиска поддршка за исплата на плати за работниците преку e-tax, по кое Управата за јавни приходи ќе одговори за комплетноста на барањето веднаш односно најдоцна до 3 дена.

Финансиската поддршка ќе се исплаќа до 15-ти во тековниот месец за претходниот месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Финансиската помош за граѓаните наместо на платежни картички ќе се исплаќа на трансакциска сметка

УЈП им ги блокираше сметките на фирмите кои ги злоупотребија парите наменети за плати на работниците

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска основните производи со „одмрзнати“ цени, ќе има ли поскапувања?

Редакција

Во градежништвото зголемени трошоците за вработените и за нови куќи

Редакција

Лебот поскапе за три денари

Редакција